Сопругата на Лукас Ернандез на брутален начин се откажа од фудбалерот

728

Нов љубовен скандал во тимот на Баерн. Ако не беа доволни сите маки што му се случија на Баварскиот гигант периодов еве една најнова. Откако сега веќе екс тренерот Џулијан Нагелсман беше наводно отпуштен поради врската со новинарка која добивала инсајдерско инфо од клубот, сега во центарот на вниманието влета Лукас Ернандез. Одличниот дефанзивец повторно има провлем со сопругата Амелија Де Ла Оса Љоренте. Таа јавно на социјалните мрежи поточно на Инстаграм напиша дека нејзиниот сопруг ја изневерува и тоа со познатата италијанска манекенка Кристина Бучино.

Овие двајца и во минатото имаа бачни проблеми, дури минатата година поднесоа и барање за развод, но и покрај тоа сеуште се заедно. По оваа објава сепак, очигледно дека е ставен крај на нивната врска.

„Лукас, можес слободно да престанеш да „играш“ на две страни. Ди го порадувам Кристина Бучино. Само немој да заборавиш дека имаш и две деца кои речиси и не доаѓаш да ги видиш“ напиша Амелија.

 

ПретходноСпалети: Со автостоп стигнав до врвот, а не со прва класа
СледноУште еден проблем за Јунајтед, Варан не игра до крајот на сезоната