ТИМ И ИГРАЧ НА 28.КОЛО: Цаке “тресе“, а Шкендија победува!

312

Шкендија е во налет, шест средби во ПМФЛ во серија и шеста победа. Во саботата во Штип екипата од Тетово успеа да дојде до трите бода во дербито против Брегалница, а победничкиот гол беше дело на Клисман Цаке. Кој според „Спортмедиа“ не само што беше играч на мечот туку е и играч на колото. Покрај голот Цаке одигра навистина одлично во дресот на “црвено – црните“ од Тетово. Покрај него од Шкендија тука е и Чинари, кој се покажа како вистинско засилување за тетовци. Тој беше асистентот на голот на Цаке во Штип, како и Тотре.

Во тим на 28.коло се и Давков и Чубара (Тиквеш), потоа Омерагиќ и Рашид (Скопје), Маркоски (Работнички), Ристовски и Манасиевски (Силекс), како и Крстевски (А. Пандев).

ИГРАЧ НА КОЛО

КЛИСМАН ЦАКЕ

Тим: Шкендија

Роден: 02.05.1999 во Албанија

Кариера: Тирана, Струга ТЛ, Шкендија

ПретходноЈуниорите на Хајдук денеска одат да ја освојат Европа
СледноДали е ова крај? Златан повторно се повреди!