Уго Лорис: Мора да им се извиниме на навивачите

133

Тимот на Тотенхем вчера доживеа ама невиден дебакл на гостувањето кај Њукасл. Загуби со 6:1, но на начин кој е ретко виден. По само дваесетина минути на дуелот, домаќините водеа со нестварни 5:0, и светскиот аудиториум беше во неверување. До полувреме, Њукасл можеше да постигне уште сигурно толку голови, а Тотенхем, не личеше воопшто ниту на професионален тим, туку на собрани деца од улица застанати да играат против премиерлигашки состав.

„Ситуацијата е многу вознемирувачка. Мора да им се извиниме на навивачите. Не покажавме добро лице и не можевме да одговориме соодветно на играта на играчите на Њукалс, изјави Уго Лорис за Sky Sports. 

„Заостанавме во сите аспекти на играта и целосно го пропуштивме првото полувреме. Во вториот дел ситуацијата беше поинаква, но навистина е болно. Не станува збор ни за тактика, едноставно не можевме да им се спротивставиме. Тешко е да се зборува за нашите перформанси во моментов“, додаде Лорис

 

ПретходноАлегри: Сами сме си виновни
СледноСпалети: Со автостоп стигнав до врвот, а не со прва класа