Ужас: Се запали авион со фудбалерките на Арсенал!

6465

За малку избегната трагедија на аеродромот во Волфсбург. Имено при полетување на авионот во кој биле фудбалерките на Арсенал, на пат кон Лондон, тој се запалил на пистата. Тие во Германија престојувале поради натпреварот од ЛШ со составот на Волфсбург. За среќа пилотите биле присебни и не дошло до трагедија. Причината за овие ужасни сцени, била птица која “влетала“ во еден од моторите на авионот.

По овој “инцидент“ се огласиле и од раководството на Арсенал. Тие го потврдиле случајот и потенецирале дека екипата потоа безбедно се вратила во Лондон.

ПретходноПогледнете што вози Меси по улиците на Барселона! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: По вчерашниот срам, Тотенхем со „шут-карта“ за привремениот тренер!