Хаотично атинско дерби: Навивачите со запалени факели и столчиња по судиите (видео)

279

Атинското дерби помеѓу Олимпијакос и АЕК донесе хаотични сцени, кога навивачите на „црвено-белите“ незадоволни од судењето на италијанските судии влегоа на теренот и ги бркаа со запалени факели, искорнати столчиња и петарди. Мечот на „Јоргос Караискакис“ заврши со победа на гостите од 3:1, а навивачите на црвено-белите не се помирија со поразот од градскиот ривал.
Фудбалерите, службените лица и судиите успеале да избегаат со соблекувалната, а полицијата ги запрела навивачите да предизвикаат посериозен инцидент.

Непосредно пред инцидентот, од свечената ложа на теренот се симна и претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис кој вербално го нападна главниот судија Давиде Маса и во еден момент во налет на бес ја шутна топката која се наоѓаше покрај теренот.
По мечот Олимпијакос ги нападна челниците на ФС на Грција истакнувајќи дека „манипулираат со првенството“. Тие алудираат на спорно досудениот пенал за АЕК во 82 минута при резултат 1:1.

 

ПретходноАл Наср и Роналдо елиминирани од Купот на Саудиска Арабија (видео)
СледноРома „падна“ во Бергамо, им се заниша местото во ЛШ (видео)