Ѓорѓи Спасов ги одигра првите минути за Тиквеш

1833

Уште еден млад фудбалер, со предзнак тинејџер, за прв пат викендов се појави во дресот на кавадаречки Тиквеш. Во насока на промовирање на домашните играчи, производ на школата на клубот, стратегот на Тиквеш викендов против Шкупи на домешен терен, шанса му даде на 16. годишниот Ѓорги Спасов. Се работи за играч за врска кој како и неговиот клупски другар Невен Костадинов претставува перспектива на фудбалот во Кавадарци.

„Искрено, многу сум среќен што ете во финишот на шампионатот се отвори можноста овие млади фудбалери да добијат шанса во првиот тим. Поточно, самите и си ја заслужија со залагањето на тренинзите, темпирањето на формата, и покажувањето на карактер на првотимец. Тоа на Тиквеш му значи многу затоа што за секој клуб е од исклучителна важност да се потпре на домашните играчи“ – вели Ѓорѓи Мојсов за Спортмедиа.

Невен Костадинов веќе доби повик и за У17 репрезентацијата на Македонија.

 

 

ПретходноВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје испушти голема шанса за „брејк“ во серијата со Вардар!
СледноАлегри: Сами сме си виновни