Младинскиот тим на Хајдук од Сплит денеска од 18:00 часот во Женева го игра финалето од младинската Лига на Шампиони. Противник е тимот на АЗ Алкмар кој според сите најави е достоен ривал за еден ваков меч.
Хрватскиот претставник веќе направи сензација сезнава со самиот пласман во завршницата. Ги елиминираше Манчестер Сити односно Борусија Дортмунд за да стигне на завршниот турнир, а во полуфиналето падна и Милан.
Сега, на ред е не така атрактивен противник со европоско педигре, но од друга страна пак АЗ е клуб кој се гордее со својата младинска школа и десетиците репрезентативци во младите категории на Холандија.