Екипата на Јувентус на најтешкиот можен начин синоќа на домашен терен беше совладана од Наполи со 0:1, во големото дерби на Серија А. Клубот од Торино реално е во наголрна линија, затоа што најпрво му беа вратени бодовите сезонава кои административно му беа одземени, победи на неколку меча и атмосферата во тимот беше сосема ок.
Од другастрана синоќа Јуве одигра и повеќе од солидно, постигна гол кој за многумина беше регуларен но не и за ВАР, за да на крајот, на асистенција на Елиф Елмас, Распадори во третата минута од судиското продолжение погоди за гостинска победа.
„Срамота е да се загуби вака. Требаше да бидеме повнимателни со ситуацијата со голот. Сами го загубивме натпреварот. Не одигравме лошо, но примивме глупав гол. Толку е едноставно, погледнете! Се игра 93. минута и треба да има играчи во шеснаесетникот да се бранат. Но, сето тоа е дел од процесот на развој на тимот. Сепак, факт е дека во некои ситуации делувавме премногу бавно“, прокоментира Алегри.
„ Наполи е силен тим кој наскоро ќе стане шампион. Тажно е, но нашата цел е да го задржиме местото во топ 4. Покрај тоа, продолжуваме во ЛЕ и Копа Италија. Мораме да останеме смирени и да ги прифатиме судиските одлуки како што сме правеле секогаш. Имаше добри и лоши одлуки. Нема смисла да трошиме енергија на нешто што не можеме да го промениме. Судијата денеска заврши одлична работа и му честитам“, изјави тренерот на Јуве .