И покрај неговата желба да игра уште, и покрај тоа што сака да биде уште член на Милан, сепак против природата едноставно не се може. Кога човек има полни 41 години, сепак телото не е како она кога си имал 31 или 21 година, без разлика на твојата желба.
Секако дека тука мислиме на Златан Ибрахимовиќ кој уште еднаш се повреди. Имено тој вчера на загревањето на дуелот со Лече почувствува болки во пределот на мускулот, па мораше да оди во соблекувалната и не беше во комбинација за натпреварот.
По се ова денеска медиумите во Италија надолго и нашироко пишуваат дека Златан одново е повреден, и дека веројатно ова треба да биде крај на неговата кариера.
Сепак треба да се почека, Ибра така лесно не се откажува иако јасно е дека по завршување на сезоната ќе мора да си побара нов клуб со оглед на тоа дека Милан не сака да му го продолжи договорот.