И за него има интерес: Нејмар во трансфер плановите на Челзи и Њукасл!

185

Бразилецот Нејмар, една од мега – ѕвездите на ПСЖ е трансферна цел на најмалку два клуба од Премиерлигата. Иако веќе извесно време е надвор од терените поради, иако ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од него, сепак и за Нејмар има интерес. Последните информации велат дека тој е желна и не само на Челзи, туку и на Њукасл, тим кој што во следната сезона по се изгледа дека ќе игра во Лигата на Шампионите како претставник на Англија.

На пребогатите газди на Њукасл, а се знае дека тие се од С. Арабија, секако нема да им пречи неговата голема плата, но и не така малата отштета која секако и ПСЖ ќе ја бара.

ПретходноЕтеми му даде два гола на Фенербахче (видео)
СледноЕден е Дарко Панчев: “Кобрата“ ја собра на едно место фудбалската елита на Македонија, Србија…! (ФОТО)