Вистински хаос се случува во Тотенхем. Откако пред неколку недели го “откачи“ Антонио Конте, попладневот челниците на клубот од Лондон се разделија и со В.Д тренерот Кристијан Стелини. Оваа вест луѓето од Тотенхем и официјално ја потврдија на своите сицијални мрежи, со напомена дека засега тимот ќе го води Рајан Мејсон.
Инаку ова се очекуваше откако Тотенхем, под водство на Стелини вчера загуби со 1:6, а треба да се напомене дека во 20.минута резултатот беше 5:0 за Њукасл.