Рома „падна“ во Бергамо, им се заниша местото во ЛШ (видео)

163

Откако на Јувентус му ги вратија поените, се случија големи претумбации на табелата во Серија А, па сега Рома се најде во позиција да стравува за местото во Лигата на шампионите. „Волчицата“ се најде во неволја бидејќи Јувентус го зазеде третото место, а Рома падна на четвртото и со вечерашниот пораз на гостувањето кај Аталанта се доведе во ситуација да стравува за место во ЛШ.

По трите едноподруго победи, Рома беше поразена со 3:1 во Бергамо. Голот за водство Аталанта го постигна Марио Пашалиќ во првото полувреме (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) и во 74 минута погоди Рафаел Толои (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).
„Волчицата“ имаше доволно време за да извлече добар резултат меѓутоа не успеа да спаси барем бод. Лоренцо Пелегрини намали (ГОЛОТ ОВДЕ), а веднаш потоа Копмајнерс ја искористи грешката на голманот Патрисио ги згасна надежите на Рома (ГОЛОТ ОВДЕ).

Така Аталанта си ја запиша 15-тата победа и е на седмото место на табелат со 52 бода, а Рома има 56 на четвртата исто колку што и Милан на петтото место.

ПретходноХаотично атинско дерби: Навивачите со запалени факели и столчиња по судиите (видео)
СледноФрустрација: Еве како Роналдо врескаше по својот тренер! (ВИДЕО)