Спалети: Со автостоп стигнав до врвот, а не со прва класа

608

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително возбуден откако го совлада Јувентус со 0:1 синоќа среде Торино. Успехот го зголеми „плусот“ на Наполитанците на врвот на табелата во Серија А на 17 бодови и тимот може да ја осигура титулата веќе следната недела доколку ја победи Салернитана, а Лацио не успее да победи против Интер.

„Кога сте добиле толку многу важни натпревари против противници на ова ниво, на крајот од сезоната секој од нив е како тула во ѕидот на успехот. Но, да не брзаме да го отвориме шампањот, бидејќи ништо не е готово. Им честитам на момците за добрата игра. Не беше лесно да се излезе овде неколку дена по испаѓањето од Лигата на шампионите. Тешко дека можевме да се претставиме подобро“, рече Спалети па додаде.

„Понекогаш се навраќам на патот по кој тргнав во кариерата. Во сите овие години не се возам во прва класа, туку сум автостоп. Затоа, дури и да сум на неколку чекори од Скудетото, тоа е награда за сите жртви што ги направив“, изјави тренерот на Наполи.

 

ПретходноУго Лорис: Мора да им се извиниме на навивачите
СледноСопругата на Лукас Ернандез на брутален начин се откажа од фудбалерот