Тренерот на Тотенхем по срамот: Ова никогаш не сум го доживеал!

614

Тренерот на Тотенхем, Кристијан Стелини, по ужасниот натпревар против Њукасл вчера (6:1) изјави дека никогаш не доживеал такво нешто.

На „Сент Џејмс Парк“ е виден нереален меч. Њукасл за 20. минути постигна пет гола против Тотенхем, кој ги допре најниските гранки во сезоната.

Сето ова по речиси еден месец откако Антонио Конте го напушти клубот велејќи дека не знаат како да победуваат.

“Нема зборови за да го опишам овој момент. Првите 25 минути се веројатно најлошите што сум ги видел во мојот живот. Системот што го променивме за да ја подигнеме енергијата беше погрешен. Ако беше грешка, јас сум виновен. Ние игравме со четворица играчи назад и веројатно е моја вина. Мора да им се извиниме на сите, а одговорноста оди кај мене”.

ПретходноРомано тврди дека во Челзи паднала одлуката за новиот тренер!
СледноВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје испушти голема шанса за „брејк“ во серијата со Вардар!