За малку избегната трагедија на аеродромот во Волфсбург. Имено при полетување на авионот во кој биле фудбалерките на Арсенал, на пат кон Лондон, тој се запалил на пистата. Тие во Германија престојувале поради натпреварот од ЛШ со составот на Волфсбург. За среќа пилотите биле присебни и не дошло до трагедија. Причината за овие ужасни сцени, била птица која “влетала“ во еден од моторите на авионот.
По овој “инцидент“ се огласиле и од раководството на Арсенал. Тие го потврдиле случајот и потенецирале дека екипата потоа безбедно се вратила во Лондон.