Балотели за Меси и Роналдо: Менаџерот секогаш ми го кажуваше истото, тој беше во право!

580

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели изјави дека тој е единствениот виновен што Лионел Меси и Кристијано Роналдо освоија толку многу Златни топки за најдобриот играч на светот. Балотели во текот на кариерата имаше големи проблеми во однесувањето, поради што многумина веруваат дека тој не го исполнил својот потенцијал и го покажал сиот свој талент.

„Мојот недостиг на напор придонесе Меси и Роналдо заедно да освојат 12 награди „Златни топки“ што им се доделуваат на најдобрите играчи во светот секоја година. Мојот менаџер Мина Раиола, кој почина минатата година, секогаш ми го кажуваше истото: Ако Меси и Кристијано Роналдо имаат толку многу Златни топки, ти си крив. Беше во право, премногу често играв со само 20 проценти од моите можности“, изјави Балотели, кој сега игра за швајцарскиот Сион.

Тој се уште мисли дека може да избори место во репрезентацијата на Италија.

“Кога го носам дресот на репрезентацијата, чувството е неверојатно. Отсекогаш сум се согласувал со тренерот Роберто Манчини, не е точно дека сме се скарале во Манчестер Сити. Се уште мислам дека можам да играм за репрезентацијата”.

ПретходноПетров е успешно опериран!
СледноБарса ќе го зголеми капацитетот на „Камп Ноу“ на 105 илијади места!