Гвардиола пред дербито со Арсенал: Кој ќе победи ќе ја има судбината во свои раце

272

Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола, смета дека утрешното дерби со Арсенал во Премиер лигата е исклучително важно бидејќи кој и да победи на натпреварот на „Етихад“ ќе ја држи својата судбина во свои раце. „Топчиите“ имаат пет бода предност, но и два меча пред шампионите.

Тешко беше да се замисли дека ќе бидеме толку блиску со оглед на тоа како Арсенал го одигра првиот дел од сезоната. Натпреварот е многу важен бидејќи во него можеме да освоиме бодови, а нашиот главен ривал – не. Веќе игравме двапати со нив оваа сезона и беше многу, многу тешко. Навистина, натпреварот е важен, но не и одлучувачки, бидејќи за двете екипи има уште многу тешки пресметки.

Ривалството не смени ништо во мојот однос со Микел. Да, сега се гледаме поретко, поретко разговараме затоа што сме ривали, но нашиот однос е ист и се надевам дека секогаш ќе биде така. Микел го одведе Арсенал во друга димензија. Сега се многу агресивни.

Мојот тим влегува во финишот на сезоната со мислите дека ако загуби еден натпревар, може да биде готово околу шампионатот. Во октомври и ноември го немате тоа чувство.

Ако Арсенал победи, нивната судбина ќе биде во нивни раце, а ако победиме ние, таа ќе биде во наши раце“, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.

ПретходноКампацо ја напушта Звезда и се сели во Грција!?
СледноТежок пораз за Рајковиќ и ЦСКА: Локомотив славеше во Москва и дојде на чекор до сензација