ГРК Охрид се пофали за следната сезона со големо засилување! (ФОТО)

311

Како што и официјално објавија од ГРК Охрид, клубот се засили со квалитетно име, и тоа со интернационалецот од Хрватска, Рудолф Ѕвонимир Сафранко. Овој играч ќе биде ставен на располагање на стручниот штаб на охриѓани за следната сезона.

May be an image of 1 person and text that says 'охрид 22 ASPPA! рид 参 инвес инвест'

Сафано релативно млад ракометар, има 23 години, а игра на позицијата лев бек. Досега во својата кариера настапувал за екипите на Загреб, Умаг, Добова а доаѓа во Охрид од Швајцарија, од тимот на Цирих. Има и 20 настапи за сите младински селекции на својата земја, Хрватска.

Неговиот договор со нашиот суперлигаш е во траење од две години.

ПретходноШок во Јунајтед: Повредата е сериозна, крај на сезоната за Бруно Фернандеш?
СледноЧеферин не простува: УЕФА се спрема да го исфрли Јувентус од Европа за наредната сезона!