Манчестер Ј. дава 10 милиони евра за Ливаковиќ?

236

Еден од најдобрите голмани на последното Светско првенство во Катар, Хрватот Доминик Ливаковиќ би можел да застане меѓу стативите на голот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Хрватски „Јутарњи лист“ пишува дека голманот на Динамо Загреб следното лето би можел да се пресели на „Олд Трафорд“, а шампионот на Хрватска од неговиот трансфер ќе заработи 10 милиони евра.

Ливаковиќ би можел да го наследи Шпанецот Давид де Хеа на голот на Јунајтед, чиј договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната.

Покрај Јунајтед, за Ливаковиќ се заинтересирани Галатасарај и два шпански клуба Виљареал и Реал Сосиедад.

ПретходноОлимпискиот шампион од Лондон и Рио во септември оди во пензија
СледноЛестер извади бод кај Лидс, Астон Вила со победа за Европа (ВИДЕО)