Олимпискиот шампион од Лондон и Рио во септември оди во пензија

127

Во септември, четирикратниот олимписки победник Британецот Мо Фара (40) ќе ја заврши својата атлетска кариера со учество на најголемиот светски полумаратон, Големата северна трка.

Фара ги освои титулите на 5 и 10 километри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а истото го повтори и на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Во кариерата освои шест златни медали на светските првенства и пет златни медали на европските првенства.

„Мојата кариера беше неверојатна, мојата сопруга и децата беа со мене во текот на ова патување и сега сакам да им посветам време, но и да се вклучам во масовниот спорт за да му вратам на овој спорт“, изјавил Британецот.

ПретходноЏирона слави: Кастељанос со „покер-голови“ го урна Реал (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. дава 10 милиони евра за Ливаковиќ?