Џирона слави: Кастељанос со „покер-голови“ го урна Реал (ВИДЕО)

289

Аргентинецот Валентин Тати Кастељанос имаше сензационална партија вечерва во дресот на Џирона во победата над Реал (М) од 4:2 во мечот од 31. коло на Ла Лига.  Аргентинскиот напаѓач буквално го уништи Реал Мадрид постигнувајќи ги сите четири гола за домашните.

Во 12. минута со глава од пет метри Кастељанос го отвори резултатот, а веќе во 24. минута истиот фудбалер зголеми и на 2:0.

Реал намали во 34. Минута со голот на. Винисиус, но во продолжението се следуваше ново шоу на Кастеланос. Аргентинецот постигна хет-трик за 3:1 во првата минута од вториот дел, а веќе во 62. минута постигна уште еден гол за нереални 4:1.

Реал го ублажи поразот во 85. минута преку Лукас Васкез.

Кастељанос стана првиот фудбалер по Левандовски (2013 година) кој успеал да му даде 4 гола на Реал на еден меч.

ПретходноЧеферин открива: Мечеви од ЛШ ќе се играат во САД, можеби и некое финале!
СледноОлимпискиот шампион од Лондон и Рио во септември оди во пензија