Артета: Сто посто сум убеден дека можеме да бидеме шампиони!

517

Арсенал во среда му гостува на Манчестер Сити во 33. коло од Премиер лигата во меч кој директно би можел да го реши идниот шампион на Англија. Избраниците на Микел Артета ја прокоцкаа целата предност и влегуваат во натпреварот со пет бода предност, но и два натпревари повеќе од Сити.

Арсенал во последните три кола одигра нерешено и тоа на неверојатен начин. Најпрвин го испушти водството од 2:0 на гостувањето кај Ливерпул, потоа 2:0 на гостувањето кај Вест Хем, промаши пенал при 2:1, а во петокот дома одигра само 3:3 со последнопласираниот Саутемптон, спасувајќи се од пораз во последните две минути.

„Дали сè уште верувам дека можеме да бидеме шампиони? Сто проценти. Знаевме уште од самиот почеток дека Сити и Ливерпул ќе бидат наши најголеми ривали поради се што направија во последните неколку сезони. Одиме на „Етихад“, но после тоа имаме пет многу тешки натпревари и овој против Сити нема да одлучи ништо“, изјави Микел Артета пред натпреварот и додаде:

„Навистина ја сакаме таа титула и тоа се покажува на секој тренинг и секој натпревар што го играме. Кога ќе видам како се однесуваат играчите и како тренираат, убеден сум дека можеме да одиме до крај. Тоа ќе го покажеме и против Сити“. 

ПретходноБостон го суспендираше, Хјустон ќе го назначи за нов тренер!
СледноПетров е успешно опериран!