Шпанските медиуми пренесоа дека Факундо Кампацо ќе ја напушти Црвена Звезда и се договорил со Реал Мадрид за трансфер во главниот град на Шпанија. Меѓутоа Звезда го демантираше тоа, а во приказната се вклучи и трет тим – грчкиот Панатинаикос.
Според грчка „Газета“, Панатинаикос му понудил на Кампацо 2,5 милиони евра годишна плата и договор на три години. Тренерот Ергин Атаман го гледа Аргентинецот како играчот околу кого ќе го гради тимот. Сепак, одлуката тој ќе ја донесе на крајот на сезоната.