Канаваро: Титула за Наполи е добро за италијанскиот фудбал

222

Поранешниот капитен на италијанската репрезентација Фабио Канаваро е задоволен што Наполи е блиску до освојување на титулата во Серија а и смета дека успехот во голема мера се должи на тренерот Лучано Спалети.

Тимот од Неапол го делат седмици за математички да го потврдат првиот трофеј во италијанското првенство уште од времето на Диего Армандо Марадона, а во ЛШ стигнаа до четвртфиналето каде испаднаа од Милан.

Оваа титула има поинаква приказна од претходните. Таа е за Наполи, но и за доброто на италијанскиот фудбал. Доминацијата на тимот предводен од Спалети ги принуди другите клубови да се фокусираат на различни цели“, рече Фабио кој е роден во Неапол.

Така имаме пет екипи во полуфиналето на европските клупски турнири. Ова е многу добро во моментов. Севиља која во последните години не може да цели кон титулата во Ла Лига, но доби престиж во Лига Европа. Претходните титули на Наполи има уникатен, необичен знак – Марадона. Испиша фантастични страници во историјата. Неговото присуство беше магнетно. Сега мислам дека треба да му го доделиме на Лучано Спалети“, додаде Канаваро за „Газета дело спорт“.

Спалети постигна одличен баланс во играта и тимската работа. Тој е ефикасен и успешен. Многу се трудат, но малку успеваат, а тој постигна нешто во што можеби ни тој не веруваше на почетокот. Се сеќавам на неговата прва прес-конференција. Развојот е огромен“, коментира 49-годишниот поранешен играч на Наполи, Парма, Интер, Јувентус и Реал Мадрид.

ПретходноПавлов и Феревски ќе ја делат правдата на завршниот турнир во БИБЛ!
СледноРепрезентативецот Манев во посета на поранешните соиграчи од Брегалница