Поранешниот фудбалер на Партизан, Мохамед Забија, минатиот четврток е киднапиран од екстремистичка група во Либија, но се уште не се познати сите детали, ниту, пак, евентуалните барања за негово ослободување.
30-годишниот напаѓач од Триполи во текот на кариерата промени голем број на клубот, а меѓу нив и Партизан во кој дојде во 2011 година. Со „црно-белите“ го освои шампионскиот пехар.
Либиецот бил проблематичен фудбалер, во Партизан бил недисциплиниран, не одел на тренинзи, неколку пати не бил во составот поради тоа. Затоа одиграл само девет натпревари.
Тој одиграл и 25 натпревари за Либија.