Лестер извади бод кај Лидс, Астон Вила со победа за Европа (ВИДЕО)

69

Лидс и Лестер ремизираа 1:1 во последниот денешен меч од 33. коло на англиската Премиер лига. Во дербито на екипите кои се борат за опстанок, домашните беа поблиску до победата, но Варди постигна гол во финишот за да му донесе бод на својот тим.

Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Фулам со 1:0 во вечерва еден од најинтересните дуели од 33.коло на англиската Премиер лига. Тимот од Бирмингем со нови три бода се искачи на петтото место и има добри шанси за освојување место кое води во Европа следната сезона.

Избраниците на Унаи Емери славеа со голот на Тајрон Мингс со глава во 21. Минута и водството го задржаа до крајот на мечот.

Вулверхемптон претходно го совладаа Кристал Палас со 2:0. Првиот гол на натпреварот беше постигнат по три минути, кога Невес изведе корнер, а несреќниот стопер на Палас, Андерсен несмасно реагираше и ја испрати топката во својата мрежа. Во судиското надополнување Невес беше сигурен од „белата точка“.

ПретходноМанчестер Ј. дава 10 милиони евра за Ливаковиќ?
СледноПантер го среди Реал: Партизан со победа на првиот четврфинален меч во Евролигата