Неверојатниот Леброн, Батлер со 56 поени, Јанис пред елиминација! (ВИДЕО)

548

Синоќа се одиграа два меча од плеј – офот во НБА лигата. ЛА Лејкерс со 117:111 и тоа по продолженија, успеа да го совладаат тимот на Мемфис и со тоа да поведат во серијата со 3:1. Одново Леброн Џејмс покажа дека е екстра квалитет, и покрај годините. Првата ѕвезда на Лејкерси со 22 поени и 20 скокови беше “моторот“ на победничкиот тим. Тој е првиот кошаркар на Лејкерси по Шекил О`Нил од 2004 година, кој успеал да има на еден меч 20-20, поени и скокови.

Сепак херој е Џими Батлер, кошаркарот на Мајами кој против Милвоски успеа да постигне неверојатни 56 поени. Ова беше четврта најдобра кошгетерска серија во историјата на НБА плеј-офот.

На крилјата на супер – Батлер, Мајами го совлада Милвоки со 119:114 и дојде до 3:1 во серијата. Ова значи дека Јанис Адетокунбо е пред елиминација, иако грчкиот кошаркар заврши со трипл-дабл. Со 26 поени, 10 скокови и 13 асистенции. Ни тоа не му помогна на неговиот тим.

 

ПретходноФрустрација: Еве како Роналдо врескаше по својот тренер! (ВИДЕО)
СледноТрансферот се “крчка“: Меси на вечера со двајцата капитени на Барселона! (ВИДЕО)