И тоа го има во Премиерлигата, во најсилната лига во светот. Имено сите се чудеа зошто во тимот на Нотингем Форест на дуелот со Ливерпул го нема Џонџо Шелви. Прашањето беше дали е повреден, но како што доаѓаат информациите од Островот, Шелви е под суспензија и тоа поради скандалот, односно хаосот што го направил во соблекувалната непосредно пред мечот со “редси“.
Имено во моментот кога тренерот Стив Купер го соопштил почетниот состав, а во него го немало Шелви, играчот направил хаос во соблекувалната. Почнал да вреска, малку недостигала ситуацијата да ескалира во тепачка. На Шелви му се играло од првата минута на „Енфилд“, но тренерот сметал поинаку.
И се разбира по се она што го направил самиот фудблер, на раководството на „шумарите“, а и на тренерот Купер, не им преостанало ништо друго освен да му “стегнат“ суспензија.