Локомотив Кубан ја совлада ЦСКА на нашиот Емил Рајковиќ во петтиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот на ВТБ Јунајтед со убедливи 85:68 и тоа на гостински терен.
Тимот на Рајковиќ одигра слаб натпревар, а гостите тоа го искористија и дојдоа до голем триумф со кој поведоа со 3:2 во серијата до четири победи за финале.
Девон Акун-Персел беше одличен кај гостите со 22 поени.
Следниот натпревар ќе се одигра во Краснодар на 28 април и доколку ЦСКА не успее да слави ќе остана без одбрана на титулата.