Бостон го суспендираше, Хјустон ќе го назначи за нов тренер!

117

Хјустон ќе има нов тренер, открива новинарот на ЕСПН Адријан Војнаровски. Раководството на клубот одлучило да го ангажира Име Удока. Причината за ваквиот потег е лошата сезона која Рокетс под водство на Стивен Сајлас ја завршија со скор 22-60, само Детроит беа полоши од нив.

Удока на почетокот на сезоната беше суспендиран од страна Бостон Селтикс поради кршење на клупските правила, иако претходната сезона го однесе тимот до финалето каде беше совладан од Голден Стејт со 4-2.


Двете страни ги договориле условите, останува соработката да биде официјализирана.

ПретходноФирмино на чекање, Чави го сака фудбалерот кој веќе еднаш го пушти!
СледноАртета: Сто посто сум убеден дека можеме да бидеме шампиони!