Роберто Фирмино е на прагот да се пресели во Барселона, но сега бразилскиот напаѓач е ставен во мирување. Чави Хернандез се предомислува, би сакал да го врати во тимот фудбалерот кој веќе го пушти летово.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека тренерот на Барселона би сакал повторно во својот тим да го види габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг кој од Барселона пристигна во Челзи.
Скај Спортс пишува дека сега Обамејанг е главната цел на Барселона кога се напаѓачите во прашање и останува да се види што ќе биде со Фирмино и дали воопшто ќе дојде на Камп Ноу.
Габонскиот напаѓач има само 20 настапи за Челзи оваа сезона во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција.
Овој фудбалер е прв на листата на играчи од кои Челзи ќе се ослободи ова лето, но повторно би можел да направи одличен трансфер и да се врати во Барселона.
Да потсетиме, Обамејанг почна да се занимава со сениорски фудбал во Милано, по што настапуваше за Дижон, Лил, Монако, Сент Етјен, како и за Борусија Дортмунд и Арсенал каде најмногу се прослави.