Чеферин открива: Мечеви од ЛШ ќе се играат во САД, можеби и некое финале!

285

УЕФА планира големи промени во Лигата на шампионите. Во 2026 година САД треба да бидат домаќини на некои натпревари од најсилното клупско натпреварување во светот, а веста ја потврди и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Шефот на европскиот фудбал призна дека ваква реконструкција е планирана, дури и ако тоа предизвика бес кај навивачите во Европа. Во 2026 година САД ќе бидат еден од трите домаќини на Светското првенство.

„Можно е натпреварите од Лигата на шампионите да се играат и во САД. За ова почнавме да разговараме, но по 2025 година, бидејќи календарот дотогаш е веќе затворен. Зошто не и финалето да биде таму?“, најави Чеферин.

„Фудбалот станува сè попопуларен во САД и Американците се подготвени да платат големи пари за најдобар квалитет. Тие веќе го следат европскиот фудбал како што љубителите на кошарката во Европа ја следат НБА. Ова е многу важен и ветувачки пазар за иднината“, изјави шефот на УЕФА.

ПретходноТежок пораз за Рајковиќ и ЦСКА: Локомотив славеше во Москва и дојде на чекор до сензација
СледноЏирона слави: Кастељанос со „покер-голови“ го урна Реал (ВИДЕО)