Шок во Јунајтед: Повредата е сериозна, крај на сезоната за Бруно Фернандеш?

1159

Лоши вести за сите во Манчестер Јунајтед, поточно шокантни вести, а посебно за менаџерот Ерик Тен Хаг. Бруно Фернандеш, најдобриот фудбалер на “ѓаволите“ е повреден и тој е на домашно лекување со специјална заштита околу зглобот, а покрај него има патерици. Оваа форографија на Инстаграм на објави неговата сопруга.

Сега наголемо на Островот се пишува дека за Бруно најверојатно сезоната е завршена, односно дека повредата вооптшто не е наивна.

Инаку Португалецот се повреди на полуфиналниот меч во ФА купот против Брајтон, тој одби да го напушти теренот и така повреден играше се до финишот на тој натпревар.

Потоа откако сите беа среќни по пласманот во финалето, само Тен Хаг не беше, а имало причина.

Повеќе од јасно дека Бруно а наредниот меч со Тотенхем нема да биде во тимот, а за следните допрва ќе се види, иако се шпекулира дека сезоната е готова за Португалецот.

Image

ПретходноКизиќ ќе добие шанса против Луксембург, Лазаров остави двајца ракометари во Скопје!
СледноГРК Охрид се пофали за следната сезона со големо засилување! (ФОТО)