Во септември, четирикратниот олимписки победник Британецот Мо Фара (40) ќе ја заврши својата атлетска кариера со учество на најголемиот светски полумаратон, Големата северна трка.
Фара ги освои титулите на 5 и 10 километри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а истото го повтори и на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Во кариерата освои шест златни медали на светските првенства и пет златни медали на европските првенства.
„Мојата кариера беше неверојатна, мојата сопруга и децата беа со мене во текот на ова патување и сега сакам да им посветам време, но и да се вклучам во масовниот спорт за да му вратам на овој спорт“, изјавил Британецот.