Павлов и Феревски ќе ја делат правдата на завршниот турнир во БИБЛ!

176

Нашите судии со знакот на ФИБА, Александер Павлов и Алија Феревски добија едно убаво признание. Да бидат дел од судискиот кадар на претстојниот завршен турнир на кој ќе биде промовиран новиот шампион во БИБЛ лигата.

Нашите интернациналци се дел од официјалните лица од соседството поточно од Грција, Црна Гора, кои ќе арбитрираат на натпреварите од „Фајнал-форот“ кој од 28. до 30.април ќе се игра во Стара Загора, а на кој за трофејот ќе се борат екипите на Хапоел Бер Шева (Израел), Миленијум (Црна Гора), Пеќ (Косово) и Берое (Бугарија).

Покрај Павлов и Феревски, на листата на судиите за собирот во Стара Загора се уште и двоецот од Грција, Диамантидис Лортос-Јоанис Аграфиотис, и од Црна Гора), Стефан Кубуровиќ и Сава Четковиќ.

Во улога на делегати се: Зоран Шутуловиќ од Црна Гора и Ѓорѓи Валев  од Бугарија.

ПретходноБарса ќе го зголеми капацитетот на „Камп Ноу“ на 105 илијади места!
СледноКанаваро: Титула за Наполи е добро за италијанскиот фудбал