Белградски Партизан оствари голема победа во првиот натпревар од плеј-офот во четврфиналето на Евролигата, откако вечерва со 87:89 славеше на гостувањето во Мадрид против „кралскиот клуб“. Пред 10.000 гледачи во „ВеЗинк“ центарот Партизан одлично го отвори натпреварот, а имаше и подобар финиш од домашните.
Во финишот Пантер со три поени и Ексум со уште една тројка комплетно ги вратија гостите во игра. Пред тоа, Муса направи два поврзани прекршоци во нападот и заврши на клупата за резерви.
Партизан поведе со 1:0 во серијата исто како и Макаби ТА кој славеше на гости кај Монако со 67:79.