Македонскиот репрезентативец Јован Манев, сега член на турскиот суперлигаш Адана, двата дена одмор ги искористи за одмор дома и притоа го посети поранешниот клуб Брегалница каде што ја доби најголемата фудбалска афирмација.
Манев се дружеше со поранешните соиграчи од Брегалница, а потоа го следеше тренингот на тимот на Градскиот стадион во Штип. Воедно им посака успех на утрешниот натпревар од 29.коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Чаир.