Се чини дека може да биде куса радоста на сите во Јуве откако му ги вратија тие 15 бодови кои му беа одземени, барем приверемено. Имено како што денеска пишуваат медиумите во Италија, УЕФА се спрема да го исфрли клубот од Торино од европските настапи за следната 2023/24 сезона.
Јасно е дека случајот со Јуве и натаму ќе биде топ – тема во Италија, по судовите. И можеби, или веројатно, целиот случај нема да заврши пред стартот на новата сезона.
Па така УЕФА ќе се врати малку на еден малку подзаборавен случај од лани кога Јуве беше казнет со 3,5 милиони евра поради кршење на финансискиот фер – плеј.
Е, сега, ако Јуве биде пријавен во јуни како претставник од Италија во фудбалска Европа, тогаш УЕФА се спрема во јули или август, и тоа поради признавањето на вината од страна на Јуве е заснован на сомнителни биланси.
А посебно ако се знае дека првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, и тоа како може да му се одмазди на Јуве и на Ањели по се она што се случуваше во врска со Суперлигата.