Битка вредна титула: Премиерлигата вечера го добива новиот шампион!

718

Манчестер Сити вечерва го пречекува Арсенал во можеби одлучувачкиот меч во трката за шампионската титула во Премиер лигата. Нема сомнеж дека дуелот вечерва на „Етихад“ ќе го лансира новиот шампион на Островот.

Имајќи го тоа на ум, ужасниот неодамнешен рекорд на Арсенал против Манчестер Сити сигурно ги нарушува нивните надежи за освојување на првата титула во Премиер лигата од 2003/04 кога тоа го направија под водство на Арсен Венгер.

Арсенал ги загуби последните 11 натпревари во Премиер лигата против Сити, што е нивна најдолга серија на порази против еден противник во целата нивна историја. Во нивните шест гостувања на стадионот Етихад во премиерлигашки пресметки за време на менаџирањето на Пеп Гвардиола како прв човек на клупата на Манчестер Сити, Арсенал загуби секој пат, со вкупна гол-разлика на овие натпревари 17-3. Всушност, Арсенал нема победа на гости кај Манчестер Сити од јануари 2015 година кога последен пат славеше со 2-0.

Менаџерот на „топчиите“ Микел Артета претходно му беше помошник на Гвардиола во Манчестер Сити. Тој ги загуби сите шест натпревари во Премиер лигата против Сити како тренер на Арсенал.

На Арсенал вечерва повторно ќе му недостасува влијателниот централен дефанзивец Вилијам Салиба поради повреда, додека во болничката листа се и  Мохамед Елнени и Такехиро Томијасу. Халфот Гранит Џака е исто така под прашалник за настап откако го пропушти ремито 3-3 во петокот со Саутемптон поради болест. Манчестер Сити победи на осум од последните девет натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи ги и последните шест во низа. На домашен терен тие победија на 17 од нивните последни 19 лигашки натпревари, со само едно реми и еден пораз.

МОЖНИ СОСТАВИ: 

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон; Аканџи, Диас, Лапорт; Стоунс, Родри; Марез, Гундоган, Де Бруин, Грилиш; Халанд

АРСЕНАЛ: Рамсдејл; Вајт, Холдинг, Габриел, Зинченко; Џака, Парти; Сака, Одегард, Мартинели; Г. Жезус

ПретходноАпсолутна доминација: Жељко Обрадовиќ е тренер на сезоната во АБА-лига!
СледноДанило Брестовац нов селектор на Обединети Арапски Емирати!