Данило Брестовац почнува ново поглавје во својата кариера ќе биде селектор на машката репрезентација на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ). Поранешниот македонски селектор утре и официјално ќе биде промовиран како нов предводник на овој национален тим.
Ова ќе биде негов втор ангажман за Брестовац на Блискиот Исток, откако во сезоната 2021/22 го водеше тимот на Ал Мадар од Саудиска Арабија.
Тој денеска беше пречекан од водечките луѓе на ОАЕ со цвеќе, во него гледаат одличен избор за што подобри резултати на ракометната репрезентација.
Брестовац оваа сезона успешно го водеше Тиквеш, кој се најде на чекор до битката за Европа.