Во мечот на сезоната во Премиерлигата, Манчестер Сити, вечерва на „Етихад“ со 4:1 успеа да го победи Арсенал. Во текот на целиот меч “граѓаните“ доминираа, имаа и неколку шанси, посебно Халанд, но на крајот беше 4:1.
Кевин Де Брујне уште еднаш беше фантастичен, прво со прекрасен гол во 7.минута, а потоа со асистенција во 45+1.минута со голот на Стоунс, доволно за 2:0 по првиот дел.
Во второто полувреме во 54.минута Де Брујне постигна уште еден гол. До крајот Холдинг во 88.минута со гол само го ублажи поразот. И сосема на крајот, во 90+5. минута Халанд постигна гол за конечни 4:1.
Па не може мега – дербито да мине без гол на Халанд, кој имаше и две асистенции вечерва.
Со оваа игра Сити му покажа на Арсенал кој е кој во Премиерлигата.
Со оваа победа Сити има -2 бода во однос на Арсенал, но и два меча помалку одиграни.
Значи по се изгледа дека титулата останува на „Етихад“, трета во серија или петта во последните шест сезони.
Нема што, Манчестер Сити е вистинска фудбалска МАШИНА.