Завршија првите полувремиња од сите натпревари во денешното 29.коло во ПМФЛ.
Интересно е, но постигнати се само три гола. Во Струга, лидерот со автоголот на гостинскиот голман Давков во 5.минута, води со 1:0 против Тиквеш. Мухареми од лево шутираше, следуваше несреќна реакција на Давков и топката отиде во неговата мрежа.
Исто во 5.минута видовме прекрасен гол на ФФМ. Капитенот на „лавовите“ Филип Мишевски со фантастичен удар од слободен удар од 20 метри успеа да го совлада голманот на Скопје за водство од 1:0.
Водство има и Шкупи против Брегалница со голот на Адетунџи во 16.минута.
Голема битка под Шара меѓу Шкендија и Силекс, закани, но без некои зицер – шанси на двете страни, тетовци “притискаат“, но на пауза се замина со тие 0:0.
Нема голови и во Струмица каде играат А. Пандев и Победа.