Вечерва се одиграа два меча од 1/4 финалето во Евролигата за пласман на Ф4.
Барселона на свој паркет со 91:69 го декласира составот на Жалгирис и поведе со 1:0 во оваа серија.
Санли и Миротиќ диригираа со победничкиот состав, првиот постигна 17, а вториот 15 поени.
На вториот меч Олимпијакос во Пиреја во салата “Мир и Пријателство“ дојде до 1:0 во серијата со Фенербахче откако славеше со 79:68.
Везенков прикажа уште една одлична партија, постигна 19 поени и беше централна фигура не само во составот на Олимпијакос туку и на целиот натпревар.