Уф, каква блескава партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ вечерва во петтиот меч од полуфиналната серија од плеј – офот во ВТБ лигата.
Неверојатен настап, фантастичен настап. Уште еднаш Нено покажа дека е класа за себе.
И кога е така тогаш јасно е дека неговиот Уникс Казан славеше со 78:63 против Зенит од Санкт Петербург, и сега води со 3:2 во серијата.
Македонецот сам го победи големиот ривал, на паркетот беше 35. минути, го “изрешета“ со 32 поени, имаше и шест асистенции. Постигна три тројки, а и другите статистички показатели му беа фантастични.
Па ако вториот најдобар стрелец на мечот заврши со 13 поени, тогаш се е кажано.