Борко закажа прес-конференција на која ќе ја отвори „пандорината кутија“!

1090

Борко Ристовски доби суспензија од четири години од страна МОК поради ставови пренесени во ТВ-емисија против Даниел Димевски.

Поранешниот македонски репрезентативец и чувар на мрежата на Вардар има забрана да врши дејност во олимписки спортови, вака одлучи Дисциплинската Комисија при МОК. Тој има право на жалба, но како што најави сите детали ќе ги изнесе на прес-конференција која ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк„ во Скопје.

„Тема на прес – конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК“, стои во поканата на Ристовски до медиумите.

Суспензијата на Борко нема основа, сите спортисти го дигнаа гласот против МОК.

ПретходноЛазаров одбра: Познат е составот за дуелот меѓу Македонија и Луксембург!
СледноЕвро-голот на Иванов од Кожуф за кој се уште се зборува (ВИДЕО)