Вардар на рутина против Слога, Воска не го дава врвот

1946

Тимот на Вардар резултатски и играчки се рехабилитираше од шокот во Охрид и дуелот против Воска, па денеска во рамките од новото коло во ВМФЛ шампионатот триумфираше на домашен терен над тимот на Слога Виница со 3:0.

Стрелци на головите за домашниот тим беа Жоглев и Николовски во првиот дел, додека Митев во продолжението го постави конечниот резултат.

Од друга страна, токму тимот на Воска по успехот против Вардар минатото коло, сега на гости кај Кожуф во Гевгелија триумфираше со 1:2. Бехар Фета и автоголот на Бејков го донесоа триумфот за гостите.

Пелистер на свој терен немаше проблеми против Караорман и обезбеди триумф од 2:0. Гостивар исто така немаше проблем да ја оправда фаворитската улога со триумфот над Арсими од 0:2.

Резултати:

Вардар – Слога В. 3:0

Пелистер – Караорман 2:0

Кожуф – Воска 1:2

Арсими – Гостивар 0:2.

Тетекс – Беласица 3:2

Борец – Локомотива 0:3

ПретходноПМФЛ: Силекс ја запре Шкендија, Струга ТЛ го “реши“ Тиквеш, убедлив триумф на Шкупи, среќни “лавови“, “пандевци“ рутински со Победа….
СледноМихаилов: Заслужено освоивме бод, Шкендија не ни создаде ниту една стопроцентна шанса