ВМФЛ: Вардар по три бода со Слога (В), Гостивар на гости кај Арсими…

405

 

Денеска од 16 часот се играат и сите мечеви од 26.коло во ВМФЛ. Нема дерби средба, но јасно е дека во преден план се дуелите каде што водечките екипи на табелата ќе одат по нови бодови.

Вардар по поразот од Воска во Охрид денеска како домаќин во Маџари ќе има убава шанса за рехабилитација. Ја дочекува Слога (В) и се очекува вардарци да освојат лесни три бода.

Гостивар гостува кај Арсими, само победа доаѓа в предвид пред гостиварци, со секој друг резултат вториот на табелата нема да биде задоволен, тоа е повеќе од разбирливо.

Лидерот Воска Спорт гостува во Гевгелија кај Кожув, со оглед на предноста што ја има во однос на Гостивар и Вардар, може овој тим да си “дозволи“ и реми.

Пелистер игра дома со Караорман, амбициите се победнички на битолчани, сепак стружани знаат да изненадат.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Пелистер – Караорман

Борец – Пехчево

Детонит – Саса

Охрид – Беса

Арсими – Гостивар

Кожув – Воска Спорт

Вардар – Слога (В)

Тетекс – Беласица

ТАБЕЛА: Воска 62, Гостивар 58, Вардар 56, Пелистер 50, Детонит 44, Беса 39, Арсими 36, Беласица 35, Караорман 34, Охрид 34, Кожув 30, Пехчево 21, Саса 21, Слога (В) 18, Тетекс 16, Борец 2 бодови

ПретходноЛуксембург е новата мисија на ракометарите за остварување на европскиот сон!
СледноПочна продажбата на билети за мечот со Турција