Игор Д. Ивановски
Клеветењето е за на граѓански суд, а не за спортски суд како што тоа го направи претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој своите лични пресметки со ракометната легенда Борко Ристовски ги спроведе во најголемата спортска институција. Изречената суспензија од 4 години само затоа што Борко Ристовски на ТВ искажал клевети кон дотичниот е срамен потег, мизерија и дно за една спортска организација каква што е МОК.
Сокриен во позадината на „олимписките кругови“, кои имаат за цел да ги обединуваат спортистите и да го шират спортскиот дух само кај нас во Македонија, Димевски за да покаже сила или моќ прави раздори, поделби и срамни одлуки за чии што последици допрва ќе се отвара пандорината кутија. И повтрорно сокриен позади одлука на дисицплинска комисија (дали била во комплетен состав?), за да се нанесе удар кон ракометно име, кое сепак многу значи за спортот во Македонија. За Борко Ристовски кој покрај тоа што ја чува мрежата на РК Вардар, воедно е и претседател на комисијата за спорт на ВМРО ДПМНЕ и како таков активист се одлучил да се бори за сите аномалии во спортот, вклучително и за работата и потезите на МОК и нејзиниот прв човек Даниел Димевски. А што очекуваше Димевски? Да нема критика, да има мораториум на молк, да си вози возот за Ресен (со три пара боксерски ракавици), и се да биде подмачкано, а тој да си сетдина престолот?
Дали Даниел Димевски заборави како дојде на чело на МОК? Од својство на советник за спорт кај еден претходен премиер на политичка партија (СДСМ). Дали овој потег за суспензија на Ристовски има политичка позадина и дали тоа политиката се внесува во МОК и се користи фунцијата за броба со неисомисленици? Мизерно, дојдени сме до дното.
Одлуката на МОК за суспензија на Борко Ристовски наиде на револт кај комплетната спортска јавност. Дури и блиски на Димевски, сопартијци, лица од кошарката упатија рафални стрели кон човекот кој е веќе две години на чело на МОК, а еве уште сега направи тотален хаос со потегот да го користи МОК за лична пресметка со Борко Ристовски наместо тоа да го направи во редовна судска парница.
А Борко Ристовски иако казнет веќе е победник. Закажа прес конференција која најверојатно ќе се одржи во петок. И уште нешто! Ако сака Даниел Димевски да го користи МОК, тогаш отворен е патот на Борко Ристовски кон судот во Лозана каде една жалба и процес против ваква одлука на МОК во голема мера би значело пресуда која ќе доведе до празнење на касата на нашиот Олимписки комитет каде претседател е Димевски. Суспензија од 4 години за клевета (која можеби е и вистина), во време кога Меѓунардодниот Олимписки Комитет и покрај сите конфликти во светот и скандали се обидува да ги задржи спортистите во арените, па макар и под знамето на МОК е ирационално.
Ете тоа е во најава. За лична пресметка да настрада институцијата!!!
А за Даниел Димевски допрва ќе се отвараат кутиите околу тоа како дојде за претседател на МОК, како стопанисува со салата „Јане Сандански“ (како истата му е земена на Самсоненско, спорната сметка од 4.000.000 денари, закани со инспекции), како МЗТ стана кираџија во своја сала, уцени за струја, ладна сала на дуелите во АБА, полициски пријави, закани…
И ред, ред други работи како на пример зошто најголемите спортски федерации веќе не се на иста бранова должина со првиот човек на МОК, кој лесно може да биде и под истрага за криминалниот и рекетарски ваучер систем во спортот во Македонија за кој има истраги и процеси и за кој истиот Даниел Димевски е еден од клучните играчи за спроведување на истиот како главен советник за спорт во тоа време.
Има многу, но некој процес ако требаше да се случи после неколку месеци ќе треба спортистите и федерациите да го спроведат под итна постапка.
Статутот на МОК тоа го дозволува!