Лудница во Неапол: Распродадени сите билети за мечот со Салернитана, ќе се слави титула!

371

Сите билети за мечот меѓу Наполи и Салернитана од Серија А се распродадени. Мечот во кој е голема веројатноста домаќините да триумфираат и да ја слават титулата во Италија, предизвика лавина интерес за билет повеќе за место на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Сепак, титулата на Наполи ќе зависи и од друг натпревар, а тоа мечот меѓу Интер и Лацио.

Наполи ја пречекува Салернитана в сабота од 15 часот, но клубот побарал промена на терминот и мечот да се игра во недела во 12 часот и 30 минути, кога е закажан и мечот меѓу Интер и Лацио.

Капацитетот на „Диего Марадона“ е нешто повеќе од 54.000 седишта. За да се избегнат какви било проблеми, симпатизерите на Салернитана нема да можат да влезат на стадионот. Поради оваа причина, нивниот сектор засега останува празен.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ на мегдан со Тиквеш, скопско дерби на ФФМ, “сините“ гостуваат на Чаир, Шкендија сака седум од седум…
СледноЛуксембург е новата мисија на ракометарите за остварување на европскиот сон!