Мисијата Луксембург е исполнета, Македонија го завери билетот за ЕП 2024!

2470

Луксембург – Македонија 23-28 (12-14)

МАКЕДОНИЈА: Митревски 3 одбрани, Кизиќ 11 одбрани, Георгиевски 2, Кузманоски 1, Ѓоргиев 1, Митев, Талески 8, Маркоски, Кузмановски 4, Костески 2, Младновиќ, Пешевски 3, Јагуриноски, Аларов 1, Петар Атанасијевиќ 2, Серафимов 4.

Македонската ракометна репрезентација го завери своето место на Европското првенство 2024 година. Мисијата победа на гости кај Луксембург е исполнета, избраниците на Кирил Лазаров славеа со 23-28 (12-14) и го запишаа третиот триумф во овие квалификации, доволен за пласман на уште едно големо натпреварување.

Луксембург делуваше поинаку, особено во првото полувреме, но сепак фаворитската улога беше оправдано особено во вториот дел. Марко Кизиќ имаше 10 одбрани, Талески запиша осум гола, Кузмановски и Серафимов имаа по четири гола. На другата страна Херман имаше 13 одбрани, Кајсен постигна 10 гола.

На трибините, Македонија имаше поддршка од „Фалангата“ која дојде во доволна бројка за да ги бори своите миленици.

Нашите ракометари наидоа на силен отпор од страна на домашниот тим, кој мечот го отвори со 3-1, а до 10 минута одржуваше позитива од два гола. Оваа добра и поинаква игра за разлика од мечот во Скопје се должеше на расположениот Херман кој во првото полувреме запиша осум одбрани, додека Кајсен имаше седум од 12 гола за неговата репрезентација.

Македонија благодарение на двата гола на Талески дојде до првото водство во 13 минута. На другата страна Луксембург не падна на притисокот, го врати на кратко водството, а потоа со на серија на 3-0 успеа да поведе со три гола (11-14) пред самиот крај. Пешевски постигна два гола, Кизиќ одбрани (влезе на местото на Митревски), па реализираше Кузмановски. На одморот беше 12-14.

Талески со нови два гола во 33 минута зголеми на 12-16. Во овој период, Македонија не искористи две шанси за да поведе со плус пет, па следеше серија од 4-1 за минус еден (16-17) во 40 минута.

Серафимов, Петар Атанисјевиќ и Талески одговорија по тајм-аутот на Лазаров за 16-20 во 43 минута. Ракометарите влегоа во ритам, во 47. минута со двата гола на Костески, по еден на Петар Атанасијевиќ, Кузмановски и Серафимов го урнаа оторпот на противникот, резултатот бепе 18-25 во 50 минута. Луксембург намали на 21-25, но немаше сили за целосен пресврт, иако грешките беа доста чести.

Последниот меч од квалификациите Македонија го игра во недела, во СЦ „Борис Трајковски’ гостува Турција, билетите веќе се пуштени во продажба.

ПретходноАтлетико Мадрид со пресврт до триумф со Мајорка! (ВИДЕО)
СледноМу стегна четири голови на Реал, па сега го бара Барселона!